Модерно и кратко

Стилистите за сезоната есен-зима 2018 препорачуваат кратки фризури. Кратката коса може да му прилега на секој облик на лице, но од формата на лицето треба да зависи должината.

Кратката коса им прилега повеќе на девојките со права коса, но може да ја носат и девојките со кадрици. Ако сакате кратка коса, а имате кадрици, не  потстрижувајте ја косата премногу, туку оставете ја да биде малку подолга за да можете подобро да ја обликувате.

Оваа сезона во мода ќе бидат и асиметрични кратки фризури, кога едниот крај на косата е подолг  во однос на другиот.

За најхрабрите, стилистите препорачуваат кратка коса со полубричена глава.

Scroll to Top