Момче прогласено за кралица на матурата во САД

By

Осумнаесетгодишниот матурант Закари Вилмор се пријавил и победил на изборот за кралица на матурата во неговото средно училиште „Рок Бриџ“ во Колумбија, Мисури.

dobivaj vesti na viber

Тој станал првиот маж кој бил избран за кралица на матурата. Закари биолошки е роден како машко и за себе вели дека не се чувствува како жена, туку дека е хомосексуалец.

Тој вели дека се пријавил на натпреварот откако ги прашал фановите на „Инстаграм“ дали да се пријави за крал или кралица на матурата. За себе вели дека не бега од својата машкост, дека не се пријавил заради некаква иронија или исмевање на жените.

Закари рече дека се пријавил за да се избори за рамноправност меѓу сите полови во средното училиште каде што учел. Тој бил одличен ученик и неговите наставници велат дека за него имаат само пофални зборови.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

GO88 - Tải Go88 Club | Game bài đổi thưởng

https://sunwin.fan/