Момчето од Хонгконг што преку „Фејсбук“ ја бараше охриѓанката, ја најде ама му е срам да ѝ пише

Хари Нг, момчето Хонконг што преку „Фејсбук“ ја бараше девојката со која се сликал во Охрид, откри дека ја нашол, но дека му е срам да ѝ пише. Тој вчера во фејсбук-групата Expats and Foreigners in Macedonia ја објави нивната заедничка слика и ги замоли сите за помош да ја пронајде непознатата девојка.

„Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7 октомври. Црквите, езерото, тој е прекрасен град. Но, една мала случка го направи мојот впечаток за Охрид уште понезаборавен. Околу 11:30 часот, одев кон местото за ручек со други учесници од турата. Одеднаш, една девојка ми побара да се сликаме. Најпрво се шокирав, но реков ‘океј’ и ова е фотографијата. Бидејќи бев далеку зад групата, само ѝ кажав ‘чао’, и ‘ти благодарам’. Не ја прашав за контакт-информации. Ако ја познавате девојката на оваа фотографија, можете ли да ми помогнете да се поврзам со неа? Ако не ја познавате, но сметате дека ова е интересно, ќе ценам ако можете да ми помогнете што повеќе да се рашири оваа објава! Фала што ме читате. Ако се случи чудо, ќе ве известам сите!“, напиша тој.

Неколку часа подоцна, Хари повторно пиша во групата на „Фејсбук“, овој пат со информација дека успеал да ја најде девојката од сликата.

„Ја најдов на ‘Фејсбук’, ама уште не сум ѝ пишал. Малку ми е срам. Но, фала ви на сите за поддршката и што ми помогнавте да ја најдам. А јас ќе ѝ пратам порака наскоро“, напиша момчето на „Фејсбук“.

Scroll to Top