Откако највисокиот врв на светот, Монт Еверест, беше затворен пред една година поради пандемијата, од следниот месец ќе биде повторно отворен за посетитетли, но под строги услови,
Повеќе од 300 странски планинари ќе се обидат да се искачат на врвот на планината на почетокот на април, објавија туристичките власти на Непал. Рекордна бројка беше регистрирана во 2019 година, кога имало 381 пријавен планинар.
„Сите странски планинари мора да поминат една недела во карантин и да приложат потврда дека имале негативен тест за коронавирус“, изјави Мира Ачарја од министерството за туризам на Непал.
Осум од 14. највисоки врвови на светот се наоѓаат целосно или делумно во Непал, а илјадниците странски планинари што доаѓаат во земјата придонесуваат со милиони долари во државниот буџет годишно. Непал ги затвори своите планини лани во март. Кинеската страна на Еверест ќе остане затворена и оваа сезона.