Со мрежен кабел вашиот телевизор ќе стане Android TV

За сите оние кои имаат LCD, LED, Plasma или OLED телевизор кој не е паметен, еве одличен начин да го надградат само со еден мрежен кабел – оној што се користи за да ги поврзете вашите уреди на вашиот рутер.

InnSpire е компанија која вгради компјутер во еден ваков кабел, кој е наречен InnCable. Идејата зад овој кабел е да им овозможи на корисниците Android искуство на кој телевизор и да го поврзат.

Кабелот се приклучува на Ethernet портот на вашиот рутер од едната страна, а од другата страна има HDMI приклучок. Се што треба да направите е да го приклучите и веднаш ќе имате можност за користење на Android оперативниот систем.

Покрај тоа што може да се приклучи на Ethernet, InnCable има и вграден WiFi, што значи дека технички може да се приклучи и само во телевизорот, но во тој случај ќе се напојува преку HDMI портот.

Во обратна ситуација, овој кабел се напојува преку Ethernet или Power over Ethernet портовите на вашиот рутер. На него има и два USB приклучоци, што значи дека лесно ќе може да приклучите маус и тастатура или пак некој паметен далечински
управувач.

 

 

Scroll to Top