Девојката идентификувана како Чидинма Ихеома (18) била уапсена од страна на полицијата затоа што наводно му ја отсекла главата на својот сопруг. Девојката главата наводно ја носела во торба.
Како што пренесуваат медиумите, таа го убила својот сопруг затоа што не сакал да ѝ даде пари за шопинг. На снимката таа прво тврди дека тргнала да ја закопа главата, но подоцна е откриено дека главата всушност ја пресекол нејзин пријател, а дека таа убила уште двајца луѓе.
Некои сметаат дека е во прашање ритуално убиство, нешто што сè почесто се случува во Нигерија, а владата не презема ништо за да ги спречи ваквите настани.