На Британецот Ворен Хигс хирурзите му ги извадиле бубрезите што тежеле 35 килограми. Тие ја направиле операцијата на почетокот во октомври во Универзитетската болница во Оксфорд.
Ворен боледувал од полицистична болест на бубрезите. Се работи за наследна болест која доведува до неконтролиран раст на циста во бубрезите и може да доведе до нивно откажување.
Оваа болест се јавува кај еден од 1.000 лица и не постои лек за неа. Хирузите кои два часа го оперирале тврдат дека неговите бубрези биле со рекордна големина. Поголемиот десен бубрег бил тежок 15 килограми и имал уште пет килограми течност околу себе, пренесе Би-би-си.
„Го соборив рекордот, но тоа не е нешто на кое сум горд. Сега можам да дишам и јадам нормално. Сè уште се мачам со рамнотежата“, рече Хигс, кој конечно може да продолжи со нормален живот.
Досегашниот рекорд со најголеми бубрези го држи еден пациент во Индија. Неговиот бубрези тежеле 7,4 килграми.