На Градиште се наплаќа 200 денари за да се помине мостот до плажите

Еден од најпознатите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров, на својот фејсбук-профил пишува дека за да се помине мостот на Градиште, кој води до некоја од плажите, треба да се плати 200 денари.

„За да го поминеш овој мост, доколку сакаш да одиш на некоја од плажите на Градиште, треба да им платиш 200 денари небаре нивни е мостот. Покрај тоа, нивниот арогантен однос е на највисоко ниво. Не носат никаква заштитна опрема (маска, ракавици), со што им го загрозуваат здравјето на посетителите. Немаат никаков означен документ дека тие си го купиле мовчето, не издаваат никаква фискална сметка. И ти ставаат печат на раката како на животно пред колење. Како, на пример, на Ибица во Шпанија на ниедна плажа не се наплаќа влез ниту, пак, паркинг за автомобилот и затоа секогаш е преполно. Од каде ваква дрскост некој да ти го ограничи правото на движење“, пишува Зафиров.

Scroll to Top