Чурпи е сирење со чаден вкус, кое е богато со протеини и е многу тврдо. Традиционално го прават сточарите од источните Хималаи. Сирењето се прави прави од млеко од чаури, животно кое е мешавина од јак и крава. Луѓето често џвакаат мали коцки од сирењето како гума за џвакање, кое е тврдо како камен и полека омекнува.
„Чурпи бил развиен пред илјадници години поради потребата да се направи нешто корисно од вишокот млеко што веќе не можело да се конзумира или продава“, вели антропологот Мукта Синг Лама Таманг.
Една од уникатните особини на чурпи е што има многу ниска влажност. Поради тоа тешко се гризнува, но тоа исто така помага сирењето да се јаде со месеци, па дури и години кога е ферментирано од шест до 12 месеци.
„Ние сме благодарни за чурпи и што можеме да го правиме, зашто сме неписмени и ова е единственот начин како можеме да се одржуваме и да преживееме. “, вели еден локален сточар.
Сирењето е органско и се произведува од најфиното млеко. Се смета за многу здрав и хранлив продукт поради заради ниската содржина на маснотии. Има висока протеинска вредност. Правилно направениот чурпи може да се јаде без да мувлоса и до 20 години. Локалните жители велат дека најдобар вкус има во првите пет-шест месеци.