Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија вчера во попладневните часови е однесен врзан со рацете зад грб од салата во која требало да се одржи панел-дискусијата за внатрешниот дијалог за Косово.
Приведен бил и неговиот соработник Жељко Јовиќ во Косовска Митровица. Ситуацијата била крајно напната, а граѓаните биле вознемирени и исплашени.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Џуриќ, како и неговиот соработник Јовиќ биле уапсени од страна на специјалните единици ROSU од Косовска Митровица, а потоа однесени во Приштина.
По сослушувањето во Приштина, Џуриќ од полициските сили бил протеран од територијата на Косово преку преминот Мердар.