Ако сте зависни од возење, сигурно ќе го цените овој нов кампер што го направи компанијата „Детлефс“.
Со елегантен дизајн и соларни плочи од „глава до петици“ возилото е изработено за отворен пат. Тоа особено им се допаѓа на оние кои сакаат да бидат во природа и извесно време надвор од „мрежата“. Овој кампер е идеален за пат затоа што работи без гориво или станици за полнење.
Бидејќи најновиот кампер, кој се води под името „Iveco 2018 e.Home“, се напојува преку соларен погон и може да се храни со енергија од сонцето (да ги полни батериските единици), тој ви овозможува да влезете длабоко во дивината, а истовремено не влијае негативно на околината.
Шасијата на камперот е креирана од страна на „Ивеко дејли“, а истиот се движи со помош на батерии. Најголемата батерија му дава на камперот автономија во движењето во распон до речиси 300 километри. Со дополнителната тежина, камперот може да помине повеќе од 150 километри со едно полнење на батеријата.
Во реалноста, таквата мала автономија на возење не е важна бидејќи „е.home“ има 30 квадратни метри надворешна површина, тенки филмски соларни панели. Тие можат да генерираат до 3000 волти струја кои ги полнат батериите со натриум-никал-хлорид со што може да помине и до 280.000 километри, што не е мала работа.
Во возилото вклучен е и систем за греење, кој користи материјали кои ја апсорбираат топлината од надвор и ја зголемуваат над 26 степени Целзиусови. Преку ноќ, кога температурата ќе падне, таа топлина преминува во кабината. За на сопствениците на камперот да им биде удобно и топло, во подот, ѕидовите и мебелот се вградени инфрацрвени грејачи.
Вградена е и управувачка програма, вклучувајќи ја и апликацијата „CapmConnect“ и систем за надгледување на предниот дел на возилото.
Има две технологии втемелени на фолија: едната е вградена во прозорските рамки, со што истите се затемнуваат по потреба, а другата е вградена внатре каде што со помош на светилки се осветлува внатрешниот дел.
Системот за ѕвездено светло создава ѕвездено небо во пределот над креветот.
Освен оваа технологија, камперот изгледа и како обичен дом. Има соба со кревет, трпезарија што се претвора во кревет. Тука се и кујната, тоалетот, а има и рамен телевизор.