На Путин му е забрането да присуствува на Олимписките игри во следните две години

На Путин му е забрането да присуствува на Олимписките во следните две години, пренесуваат светските медиуми.

Спортскиот арбитражен суд во четвртокот застана на страната на Светската антидопинг агенција WADA, во спорот со Руската антидопинг агенција RUSADA.

Според судската одлука, руските спортисти нема да можат да се натпреваруваат на големите меѓународни натпреварувања под руското знаме до 16 декември 2022 година.

Освен тоа, RUSADA е должна на агенцијатa WADA да ѝ плати износ од 1,27 милиони долари, како надомест за трошоците кои ги имала од јануари 2019 година до датумот на одлуката.

Се напоменува дека претставниците на Владата на Русија нема да можат да добијат акредитација, да присуствуваат на светските првенства во различни спортови.

Ограничувањето не се однесува на официјалните претставници, кои се и членови на Меѓународниот олимписки комитет, или, пак ,ако од шефот на државата на чија територија се случуваат игрите добие повик за натпреварување.

Таквите ограничувања не се однесуваат ниту на официјалните лица кои се спортисти и кои на натпреварувањето стигнале како учесници.

 

 

Scroll to Top