На легендарниот американски водител Лари Кинг, во три недели му починаа две од петте деца, пишуваат медиумите. Неговиот син Енди (65) пoчина на 28 јули од срцев удар, а пред три дена почина и неговата ќерка Чаија (52) од рак на белите дробови.
Кинг лани имаше срцев удар од кој закрепнува, па заради коронавирусот и можни компликации ако се зарази, не можел да патува од Лос Анџелес на погребот на својот син на Флорида. Тој погребот го гледал преку видео-врска.
„Дeцата го сaкаа и се грижеа за него. Под голем стрес е зошто ги изгуби,“ рекла неговата внука Џилијан за „Дејли меил“.
Кинг го посвоил Енди во 1962 година кога се оженил со неговата мајка Ален Акинс. Со неа ја доби и ќерката Чаија во 1969 година. Лари ги има уште децата: Лари помладиот (58), Чез (21) и Кенон (20).
Славниот водител лани се разведе од седмата жена, Шенон по 22 години брак. Причина за разводот е неверството на Шенон.