Во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург се ожени големиот војвода Георгиј Михајлович Романов со неговата долгогодишна свршеница Викторија Бетарини, пренесуваат странските медиуми.
Ова е прва кралска венчавка на потомок од династијата Романови во Русија по 120 години.
На венчавката имаше многу гости, меѓу кои и претставници на 20 династии од целиот свет. Традиционалната царска церемонија траеше два дена, а за кетерингот беше одговорен Евгениј Пригогин, познат и како готвачот на Путин.
На вториот ден од венчавката беа поканети 700 гости во палатата Константиновски на ручек, каде следеа настапи во живо и аукција. Вечерта заврши со концерт како дел од отворањето на Руското царско музичко друштво.
Михајлович е роден во Шпанија, мајка му е големата војвотка Марија Владимировна, самопрогласена наследничка на рускиот престол, а татко му е големиот војвода Михаил Павлович. Поголемиот дел од животот го поминал во Шпанија и Франција. Првпат ја посетил Русија во 1992 година, а сега живее во Москва каде работи на голем број добротворни проекти.
Неговата сопруга, писателката Бетарини, минатата година се преобрати во руската православна вера и го доби името Викторија Романовна.
Во Русија ќе се одржи првата царска венчавка по повеќе од еден век