Над половина метар снег и снежни наноси низ Македонија

Силни интезивни врнежи од снег се очекуваат да наврнат во наредните денови на високите места во Македонија. До вторник наутро, се очекува местата над 1400 и 1500 метри во западните делови на земјата, да бидат покриени со половина метар снег.

Видливоста ќе биде крајно намалена па се препорачува и внимателно возење на оние кои ќе сакаат да ги посетат овие места. Особено силен ветер се очекува да дува најпрво од јужниот и југозападниот дел, а потоа и од западниот правец.

Силината на ветерот се очекува да достигне и над 80. километри на час. Надлежните предупредуваат на внимателно возење и поради појавата на голомразица.

Повремено снег ќе паѓа и на местата со надморска височина од над 1000 метри, додека во градовите врнежите ќе бидат претежно од дожд но поради продор на студен воздух од Арктикот во вторник се очекуваат повремени локални врнежи од снег и на пониските населени места.

Температурите исто така од вторник значително ќе се намалат, особено кон крајот на денот и навечер со што ќе има појава на голомразица, па така и возачите треба да бидат внимателни.

Во среда наутро температурите на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата и на некои места истите ќе се спуштат и под -10 степени, особено на повисоките и планинските места.

Исто така ветерот од вторник ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и повремено ќе биде засилен по интензитет, особено Долж Повардарието.

 

Scroll to Top