Најбогатиот Чех загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска

Најбогатиот Чех, Петр Келнер, загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска. Веста ја објави неговата финансиска група ППФ. Вкупно пет лица загинале во несреќата, која се случила во засега непознати околности. „Ројтерс“ објави дека тие биле на скијачки излет.

„Со големо жалење соопштуваме дека во хеликоптерска несреќа во планините на Алјаска почина основачот и мнозински сопственик на ППФ, Петр Келнер“, објави компанијата.

Келнер (56) важеше за водечка фигура во чешкиот бизнис во посткомунистичката ера и „Форбс“ го процени неговото богатство на 17,5 милијарди долари. Неговата инвестициска компанија учествуваше во приватизирањето на стотици државни компании во Чешка, а потоа го прошири бизнисот на осигурување, финансии, телекомуникации, производство, медиуми и биотехнологија низ Европа, Азија и САД.

Scroll to Top