Најдобри татковци според хороскопот

Таткoто за повеќето момчињата и за девојчиња е најголемиот херој, некој на кој му веруваат и кај кого одат кога им треба помош и утеха. Но, според астрологијата, маѓите во шест хороскопски знаци се предодредени да бидат одлични татковци.

Јарец

Татковците родени во знакот јарец се неверојатно добро организирани и се сметаат за вистински семејни менаџери. Тие секогаш имаат сè под контрола и се грижат за целата семејна програма. Одлично ги менаџираат и координираат деловните и семејните обврски. Во секое време им се достапни на своите деца, колку и да се зафатени. Практични се, преземаат веднаш иницијатива, веднаш ги решаваат проблемите на нивните деца.

Водолија

Тоа се креативни татковци со кои на децата никогаш не им е здодевно, полни се со идеи и постојано расположени за креативни игри со децата. Забавни се и своите уметнички таленти им ги пренесуваат на децата уште од најмала возраст.

Рак

Татковците родени во знакот рак се многу добри, со голема емпатија кон децата, попустливи но и многу трпеливи. Сакаат да си играат со децата и во текот на целиот живот стојат цврсто зад нив.

Лав

Татковците лавови се меѓу најдобрите татковци. Тие се пример за нивните деца. Можат да бидат строги, но и многу дарежливи. Кога си играат со децата, сами се претвораат во деца.

Девица

Татковците девици се доверливи, знаат да бидат најдобри пријатели на своите деца и добро ќе ги чуваат нивните тајни. Секогаш се расположени да учат со децата, да им ги проверат домашните задачи. Никогаш не бараат невозможни нешта од децата, и никогаш не ги ставаат под притисок. Сакаат да се шегуваат со децата, презабавни се и одлични организатори се на детските активности.

Вага

Татковците ваги се многу приврзани за децата, имаат голема фантазија, сакаат да им помагаат на своите деца, сакаат секогаш да бидат до нив и навистина се секогаш тука кога е најпотребно.

Scroll to Top