Најдоброто време за вежбање

Најдоброто време за вежбање најмногу зависи од тоа што сакате да постигнете, односно која е вашата цел. Доколку ве чека напорен ден најдобро е да вежбате наутро, доколку сакате да ослабнете вежбајте пред појадокот, а доколку сакате да дефинирате мускули вежбајте после вечерата.

Телото различно реагира во различен дел од денот . Не постои лошо време за вежбање, но човечкиот организам различно реагира на

физичка активност зависно од тоа за кој дел од денот станува збор.

Вежбајте пред важен состанок

30-тина минути тренинг со умерен интензитет ја намалува реакцијата на организмот на стресни ситуации, како на пример важен состанок. Тоа е така бидејќи со вежбање се зголемува нивото на хормонот на среќа, допамин.

Вежбајте навечер ако имате проблем со несоница

Верувањето дека вечерниот тренинг ќе ве расони е сосем погрешно. Токму спротивно, половина час јога или пилатес го подготвува телото за сон и го подобрува квалитетот на истиот.

Вежбајте пред појадокот ако сакате да ослабете

Доколку сакате да ослабете, вежбајте пред појадокот. Тогаш се трошат најмногу калории и маснотии, па утринските вежби би биле поефективни од вечерните.

Вежбајте навечер за дефинирање на мускулите

Поради порастот на телесната температура во текот на денот, а оксидацијата на клетките во телото е најголема навечер. Тоа значи дека влијанието врз мускулите во тој дел од денот е најголемо, а самиот тренинг се чини многу полесен.

Scroll to Top