Најголемиот авиопревозник во Индија престана да работи

Индиската авиокомпанија „Џет ервејз“ (Jet Airways), најголемиот приватен авиопревозник во Индија, ги откажала сите летови откако не успеала да постигне договор со банките за привремено финансирање.

Инвеститорите денес ги замрзнале акциите на „Џет ервејз“, уште на почетокот на тргувањето, предизвикувајќи пад од 34%, што претставува најголем дневен пад на акциите на оваа компанија, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Актуелната вредност на компанијата изнесува 260 милиони долари. Најголемото достигнување на компанијата се случило во 2005 година кога остварила добивка од 1,6 милијарди долари. Одговорните велат дека со месеци се бореле за да опстанат на пазарот.

„Ова беше тешка одлука за сите нас, но без привремено финансирање, авиокомпанијата едноставно не е во можност да опстои“, се наведува во соопштението.

Колапсот на авиокопанијата е огромен удар на индиската авиоиндустрија, која се бори да ја задоволи растечката побарувачка и истовремено да ги задржи ниските цени и трошоци.

Иако компанијата навела дека се работи за привремено откажување на летовите, многумина сметаат дека поради недостигот во финансиите, 20 000 работници ќе бидат во опасност да ја загубат работата.

 

Scroll to Top