Најголемиот розев дијамант во светот продаден за 50 милиони долари

Најголемиот розев дијамант е продаден на есенска аукција во Женева. Дијамантот го купил познатиот златар Хари Винстон. Британската аукциска куќа „Кристи“ го продала дијаманатот „Розево наследство“ за 50 милиони долари.
Со ваквата продажба соборен е светскиот рекорд кога станува збор за достигнување на цената на розевите дијаманти по карат.
Од куќата „Кристи“ очекувале дека цената ќе се движи од 30 до 50 милиони долари за дијамант од околу 19 карати кој има четвртаст облик, а претставува најголемиот луксузен розев дијамант кој некогаш бил изработен.

Вистинската сума на дијамантот е 44,5 милиони долари, но со премијата на купецот и другите трошоци, неговата конечна цена изнесува 50.375 долари.
Претходно дијамантот му припаѓал на колекционерот Опенхајмер, а од компанијата „Кристи“ наведуваат дека станува збор за еден од хајчисти хемиски примероци, кои речиси и да нема нитроген.

Рахул Кадакија, шефот на секторот на оваа аукциска куќа, за меѓународно златарство, вели дека аукциската куќа „Кристи“ за 251 година колку што постои, продала само четири дијаманти тешки повеќе од 10 карати во розева боја.
Франсоа Киријел, која раководи со секторот на оваа куќа за Европа, го нарече овој дијамант „Леонардо да Винчи“, меѓу дијамантите.
„Розевото наследство“ е продадено по исклучителна висока цена од 50 милиони долари, за 2,6 милиони долари по карат, што претставува светски рекорд, кога станува збор за цена од еден розев дијамант. Претходниот рекорд бил 2,1 милион долари, но за многу поголем камен, од преку 50 карати“, изјавил Киријел.
Во Женева, американската аукциска куќа „Сотби“, го стави на продажба накиктот кој некогаш припаѓал на француската кралица Марија Антоанета, а кој не е виден во јавноста во изминатите 200 години.

 

Scroll to Top