Најинтелигентни знаци според хороскопот

Астролозите открија дека најинтелигентни знаци во зодијакот се Водолија и Скорпијата. Според нив, луѓето родени во знакот на Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, а Скорпиите најдобро умеат реално да ја проценат секоја ситуација.

Ова не значи дека и другите знаци во зодијакот не се интелигентни, но секој од нив се карактеризира со поинаков вид интелигенција. Близнаците и Вагите поседуваат огромно знаење и се ментално силни; Раковите и Рибите се емоционално најинтелигентни. Бикот, Девицата и Јарец поседуваат практична интелигенција. Овенот, Лавот и Стрелецот имаат изразена интуиција, похрабри се и постојано преземат ризици што другите не би ги презеле.

Scroll to Top