Поплавите во Кина во 1931 година однесоа најмногу луѓе досега
Колку и луѓето да имаат развиена технологија против природата, најчесто нема одбрана против разорните катастрофи. Сѐ почести се ураганите, земјотресите и продолжувањето на масовните лизгалишта. Според многуте експерти, тие настануваат како резултат на климатските промени.
Изминатите недели ураганите пустошат низ океанските држави и Америка, но светот во минатото го погодиле и значително полоши катастрофи, а ова се едни од најлошите од нив.
Најсмртоносна поплава
Катастрофата во која досега загинаа најмногу луѓе беа поплавите во 1931 година. Загинаа меѓу милион и четири милиони луѓе. Од 1928 година до 1930 Кина ја погодија големи суши, а зимата во 1930 година беше една од најтешките. Паднаа големи количини снег, а во пролетта следната година следуваа дождови и поплави. Регионот во јули го погодија девет циклони. Реката Јангце поплави милиони луѓе. Најлошиот период беше во јули.
Реката Хуаи дојде до Нанјинг, кој тогаш беше главен град на Кина, и предизвика катастрофална штета. Милиони луѓе беа поплавени, а некои умреа од глад, колера и тифус. Очајните луѓе јаделе сѐ, само за да преживеат, а наводно имаше и случај на канибализам. Во градот Ханкоу нивото на водата беше 16 метри повисоко од нормалата. Откако водата се повлече, властите го обиколија подрачјето и ветија дека ќе ја санираат штетата. Но, немаа доволно пари, а се водеше граѓанска војна, па на реката Јангце успеале да направат само неколку помали брани.
Најлошиот тропски циклон
Се случи во 1970 година во Пакистан кога циклонот Бхола во декември ја погоди земјата. Загинаа меѓу 300.000 и 500.000 луѓе. Циклонот се формира над Бенгалскиот Залив на 8 ноември и почна да патува северно, а на 11 септември дуваше ветер со силина од 185 километри на час. Медиумите ја критикуваа власта дека предоцна ги предупредила луѓето на катастрофата. Циклонот ја погоди и Индија и донел многу силен дожд.
Најмногу жртви имаше од огромните бранови кои беа предизвикани од поплави. Лошата реакција на властите доведе до протести на студентите. Протестите подоцна преминаа во граѓанска војна, која доведе до одвојување на Пакистан и прогласување независна држава Бангладеш во 1971 година.
Најголемата вулканска ерупција во 20 век
На 8 мај 1902 година дојде до катастрофална вулканска ерупција на францускиот остров Мартиник на Карибите, при што загинаа околу 30.000 луѓе. Според бројот на жртвите, тоа бил најсмртоносната вулканска ерупција во целиот 20 век. Практично, во целост го уништи градот Сент-Пјер, во тој момент најмногу населено место на островот.
На почетокот на мај се појавија протестите, а можело да се слушне и експлозија од насока на вулканот. Врз градот Сент Пјер паѓаше вулкански пепел. Многу жители веќе тогаш беа евакуирани, но значителен дел одлучил да остане верувајќи дека не може да се работи со силната ерупција.
Најголемиот земјотрес некогаш забележан
Најсилниот земјотрес во историјата го погоди чилеанскиот град Валапараис на 22 мај 1960 година. Силината на земјотресот изнесуваше 9,5 според Рихтер. Земјотресот предизвика цунами во Чиле, Јапонија, на Филипините и Нов Зеланд. Со оглед на силата на земјотресот, бројот на жртвите не премина 2.000.
Вториот најголем потрес ја погоди Алјаска на 28 март 1964 година. Магнитудата на земјотресот изнесуваше 9,2 степени и предизвика цунами кое усмрти 28 луѓе. Штетата беше проценета на 330 милиони долари, а можел да се почувствува и на некои места во Канада.
Најсмртоносниот земјотрес
Најсмртносниот земјотрес забележан во модерната човечка историја ја погоди Кина, поточно градот Шанхи во 1556 година. Наводно, изнесувал 8 степени според Рихтер, а загинале 830.000 луѓе. Просторот во кругот од 840 километри беше целосно срамен.
Најсмртоносното торнадо
Најсмртоносното и најскапо торнадо го погоди Бангладеш на 26 април во 1989 година. Точниот број загинати не е познат, но се проценува дека животот тие денови го изгубија околу 1.300 луѓе, што го прави најсмртоносното торнадо во поновата историја не само во Бангладеш туку на целата Земјина топка. Тоа торнадо беше широко 1,6 километар и помина пат од 13 километри.
Гледајте ги природните катастрофи уловени на видео: