Малку љубомора во врската, па и во пријателствата, е нормална. Но некои луѓе кои љубомората може многу да ги опседне, без разлика дали станува збор за љубов или пријателство. Посесивните луѓе се несигурни, сакаат да доминираат и да ја контролираат околината. Астролозите ги избраа најљубоморните хороскопски знаци.
Бик
Биковите сакаат сигурна и стабилна врска. Кога ќе чувствуваат дека го немаат тоа со нивниот партнер, Биковите стануваат посесивни и љубоморни. Сакаат да имаат контрола над нивниот партнер. Му изразуваат љубов и наклонетост, но кога ќе се почувствуваат несигурно – стануваат посесивни и дрски.
Скорпија
Припадниците на овој хороскопски знак се љубоморни, но не го признаваат тоа. Тие се плашат дека нивниот партнер може да ги напушти, па затоа сакаат да го контролираат.
Лав
Горди се и со многу силно его. Лавовите се грижат да не бидат изневерени и понекогаш го прават ова малку поопсесивно. Доколку почувствуваат дека некој не е искрен, не можат да поминат преку тоа. Неверството го доживуваат како нешто што го нарушува нивниот углед. Знаат да реагираат многу бурно.
Рак
Раковите се многу чувствителни, а тоа ги прави да бидат и посесивни. Тоа нема да го покажат никогаш пред другите, но го чувствуваат длабоко во себе.