Најлудата воена слика во историјата направена од Русинот Василиј Василевиќ

Фотографија која прикажува војна обично иде во две насоки: Или величи храброст и херојство на голем поединец, на незнаен јунак, или група на луѓе, или пак прикажува болка, страдање, мака и солзи. Ретко која оди во правец во како што е на фотографијата на рускиот сликар Василиј Василевиќ Верешчагин (1842-1904), кој се прослави со своите дела кои ја обработуваат воената тематика.

Ова дело, невообичаено го прикажува обичниот, секојдневен аспект од војничкиот живот, лишен од секаков вид на херојство, лишен од патење, аспект кој е исклучително човечки. Дефинитивно истото спаѓа во рамки на неговите слики кои ја обработуваат оваа тематика.

Поради тоа оваа слика под името „Руски логор во Туркестан“, на која припадници на Руската императорска армија вршат мала и голема нужда, околу својот логор (иако некои би рекле дека станува збор за табор), во Туркестан, и тоа како е привлечна.

Едноставно е човечка.

Делата на „Туркестанска серија“, од овој уметник, настанале во периодот од 1871 година до 1873 година во Минхен, но под впечатоците кои Верешчагин ги собирал четири години, за време на своите два одвоени престоја во Средна Азија, во втората половина на 1860 година. Во рамки на ова, постои и една мала подсерија, која историчарите по уметност ја нарекуваат „Варвари“.

Исто така во неа се наоѓаат најконтроверзните слики од овој голем руски уметник, „Апотеза на војната“.

 

Scroll to Top