Најмалото бебе на светот дојде дома после 13 месеци поминати во болница

Квек Ју Суан е конечно пуштена дома после 13 месеци поминати во болница во Сингапур. Таа се роди во 25-та недела и тежеше само 212 грама, колку едно јаболко, а беше само 24 центиметри долга, пренесуваат странските медиуми.

За време на престојот во болницата, Ју Сиуан беше прикачена на различни апарати со цел да преживее. Иако нејзиното здравје се подобри и сега тежи 6,3 килограми, таа сѐ уште има хронична пулмонална болест и  понатаму ќе има потреба од помош при дишење. Докторите сметаат дека нејзината здравствена состојба уште повеќе ќе напредува.

„Против сите правила со силните здравствени компликации кои ги имаше при раѓањето, ги инспирираше луѓето кои ја опкружуваат со својата истрајност да растат, со што ова бебе е Ковид-19 бебе – трошка надеж после сиот немир”, напишаа вработените од болницата во која е родена.

Нејзината мајка, Вонг Меи Линг, се породи со царски рез четири месеци порано, откако ѝ беше дијагностицирана преклампсија – висок крвен притисок кој може да биде фаталан и за мајката и детето. Таа и сопруг успеаа да ги исплатат болничките трошоци со помош на кампања со која биле собрани 270.601 долар.

Пред Ју Сан, најмалото бебе на светот е родено во 2018 година во Ајова со само 245 грама.

Scroll to Top