Санта Круз дел Исолте во Колумбија се смета за најгусто населениот остров на светот по квадратен метар. Тамошните медиуми пренесуваат дека станува збор за вештачки остров со површина од 9.712 километри квадратни, на кои живеат околу 1.200 жители, а кој е составен дел од архипелагот Сан Бернардо на Карибите.
BBC пренесува дека жителите живеат во 115 куќи, кои се изградени една до друга ширум целиот остров – од раб до раб. На ова место се наоѓаат и две продавници, еден ресторан и ноќен клуб, како и училиште во кое работат 12 професори.
Интересно е дека младите ја сочинуваат 60 отсто од популацијата на островот. Островот е поделен на четири главни улици. Во него нема ниту еден автомобил, ниту мотори, но секое семејство има некој вид на чамец.
Чамците ги користат за риболов, превоз на ѓубре, но и за одење на други острови. Иако островот нема ниту една плажа, добар дел од неговата популација живее од туризам. Островот секоја година го посетуваат повеќе од илјада гости, а главна туристичка атракција е нуркање со најразлични животни карактеристични за тој простор, од желки до ајкули.
Тука се уште активности како риболов, возење со чамец, како и уживање во плодовите на морската храна. Живописните призори од улиците на Санта Круз дел Исолте во Колумбија, можете да ги погледнете во следното видео: