Најскап кавијар и тартуфи на менито за Оскарите

На 4 март во театарот „Долби“ во Холивуд ќе се одржи 90. доделување на Оскарите. Откако ќе продефилираат на црвениот килим, а пред да влезат во салата, гостите ќе можат да уживаат во коктел-забавата, на која ќе јадат деликатеси од шефот Волфганг Пак. Тој секоја година создава необично мени за гостите, но чоколадните оскари никогаш не се менуваат.

На гостите ќе им бидат послужени најмалки шест нејверојатни јадења. Коктелот започнува со леден бар, каде што ќе има парфе од кавијар, ракчиња, јастог и школки.

За оние кои преферираат месо ќе се служи тартар сос од говедско месо врз подлога од црн ориз, тако со модар патчиџан и краставички. Љубителите на пастата ќе можат да се послужат со канапеи со сирење и зимски тартуфи, со зелен грашок, кромид чиполино и печени домати.

За десерт ќе има оскар бисквити од чоколадо и француски макарунс. За 90 церемонија на Оскарите се направени 7.000 мини-оскари од чоколадо.

Scroll to Top