Сопственикот на британската компанија „Кан дизајн“, Афзал Кан, неодамна одлучил да ги продаде уникатните регистарски таблички за неверојатни 17 милиони евра.
Пред 10 години Кан табличките со ознака „F1“ ги откупил од окружниот Совет Есекс, во чиј посед биле 104 години. За тоа задоволство тогаш издвоил 430.000 евра.
Се верува дека овие таблички засега се најскапите во светот, а судејќи според сè, Кан направил и повеќе од добар деловен потег кога ги купил.
Иако тогаш му се смееле затоа што мислеле дека дал премногу пари, сега тој со задоволство очекува да собере повеќе од 14 милиони евра.
Некои медиуми наведуваат дека Кан пред четири години ја одбил понудата од речиси седум милиони евра, но затоа сега ги ставил на продажба и бара 14 милиони евра. А ако се додадат сите даноци, конечната цена за табличките може да достигне и 17 милиони евра.
Табличките наводно се најбарани во светот, и сето тоа поради Формула 1.