Јапонецот Масазо Нонака добил сертификат од службите за Гинис дека е најстар човек на светот. Тој има 112 години и 259 дена.
Нонака добил сертификат кој бил испратен од службите за рекорди во неговиот дом во местото Ашор на јапонскиот остров Хокаидо, пренесува АП.
Масазо Нонака е роден на 25 јули 1905 година и пораснал во големо семејство, кое држи бањски пансион со генерации, а кое сега го управува неговата внука.
Тој ја надживеал својата сопруга и две од нивните пет деца.
🍬🛁 Masazo Nonaka from Japan has been recognised as the world’s oldest man at the ripe old age of 112, as his family revealed his secret: sweets and hot baths. | https://t.co/T1zlLqmIbw 🍬🛁 pic.twitter.com/qGiEJOHRKw
— RTÉ News (@rtenews) April 10, 2018
Службите од Гинис велат дека Нонака станал најстариот човек на светот по смртта на Франсиско Оливера од Шпанија, кој починал на 113-годишна возраст.