Најстариот диџеј се пензионира на 96 години

Кинескиот диџеј Реј Кордеиро (96) по повеќе од седум децении работа на радиостаница, се прости од слушателите на својата емисија со песната Time to say Goodbye од Сара Брајтман и Андреа Бочели.

„Тоа ќе беше тоа. Многу ви благодарам што ме слушавте и сега збогум“, рече Кордеиро на англиски и на кантонски кинески јазик, пренесе АП.

Неговата кариера почна пред 72 години, а повеќе од 50 години ја водеше емисијата All the way with Ray, која почна да се емитува на државното радио RTHK во 1970 година. За време на својата долга кариера тој беше во контакт со Тони Бенет, Битлси и со Клиф Ричард и помогна да се развијат некои музички sвезди од Хонгконг.

Реј влезе во Гинисовата книга на рекордите во 2000 година како диџеј со најдолг стаж.

Scroll to Top