Најубавите жени на фудбалерите

Идеалниот тим составен од девојките или сопругите на фудбалерите што ќе настапуваат на мундијалот.

Шакира (Жерар Пике)

Овој славен пар се запозна при снимањето на песната Waka Waka, химната на мундијалот во Јужна Африка од 2010 година. Набргу по тој турнир, централниот дефанзивец на Шпанија и славната пејачка започнаа романса.

Пилијар Рубио (Серхио Рамос)

Рубио студира економија, но не дипломира. Почна да се занимава со манекенство, а потоа стана позната шпанска водителка. Имаат три деца. Познатиот пар е заедно од септември 2012 година.

Ен-Кетрин Брамел (Марио Геце)

Геце во 2012 година на Ибица почна врска со познатата пејачка и модел. Кетрин исто така има своја линија бикини.

Едурне Гарсија Алмагро (Давид де Геа)

Голманот на Манчестер јунајтед и шпанската пејачка се заедно веќе осум години. Едурне е модел, а покрај пеењето и манекенството, се занимава и со актерство. По учеството на натпреварувањето „Операција триумф“ во 2005 година, таа го промовира својот прв албум.

Мишел де Брујн (Кевин де Брујн)

24-годишната Белгијка и фудбалерот на Манчестер сити се свршија во декември 2016 година, а се венчаа лани во јуни.

Амин Гулше (Месут Озил)

Плејмејкерот на Арсенал набргу ќе се ожени со миспт на Турција. Амин, покрај менекенството, се занимава и со актерство.

Кларис Алвеш (Марсело)

Марсело и неговата жена се познаваат од тинејџерските денови, а оваа година одбележаа 10 години брак. Имаат два сина, Енцо, кој има девет години, и Лијам – три.

Лорејлеј Тарон (Радамел Фалкао)

Аргентинската пејачка се запозна со фудбалерот на Монако кога имаше 16 години, а се венчаа кога наполни 19.

Сем Смолинг (Крис Смолинг)

Сем и Крис се венчаа лани на езерото Комо во Италија. Таа во минатото се сликаше за порнографски списанија во Британија. Сега на својот инстаграм-профил објавува вегански рецепти.

Софија Милошевиќ (Адем Лаиќ)

Една од најпознатите српски маненкеки е во врска со Лаиќ три години.

Георгина Родригез (Кристијано Роналдо)

Роналдо и Георгина се заедно од ноември 2016 година, а лани во ноември им се роди ќерка. Шпанските медиуми пишуваат дека ќе се венчаат по мундијалот.

Scroll to Top