Најубавите жени според хороскопот

By

Експертите во астрологијата велат дека припадничките на понежниот пол родени во некој хороскопските знаци во продолжение убедливо се на врвот на листата според убавината, сексапилноста и магнетската привлечност што ја поседуваат.

Овен
Жените родени во овој знак изгледаат силно, имаат спортска градба и изразени црти на лицето, кои тешко се забораваат. Најчесто се бринети со светли очи и совршено тело. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност што ја носат во себе, а нивната свилеста кожа ќе направи секој нејзин допир засекогаш да остане врежан во вашите сеќавања.

Лав
Жените Лавици се силни, грациозни и често спортски градени. Тие пленат без компромиси. Се одликуваат со убави нозе, чиј изглед и држење ќе ве остават без зборови. Многу сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат. На нив може да им се припишат многу таленти, а без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да им го одземаат здивот на мажите. Кога станува збор за Лавиците, не се мисли на просечна убавина. Нив лесно ќе ги препознаете меѓу другите бидејќи покрај нивната убавина, нивниот стил на облекување и начинот на живеење никогаш не се клише.

Шкорпија
И кога се слаби, Шкорпиите имаат прилично силна градба. Добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи ги красат овие дами. Припадничките на овој хороскопски знак најчесто имаат преубава кафеава густа коса. Сакаат да се дотеруваат, но нивниот истанчен вкус никогаш нема да дозволи да претераат. Кога Шкорпијата ќе одлучи да ве освои, целиот свој отров ќе ви го сервира така што вие слатко ќе го испиете. Нивната убавина е секогаш над просечната, а покрај мажите, ги сакаат и децата. Среќен е човекот кого Шкорпијата искрено ќе го засака.

Стрелец
Дамите родени во овој знак се најзгодните во целиот зодијак. Имаат просечна висина, спортска градба и како да имаат природен талент да дојдат до израз. Често имаат убаво и по малку издолжено лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај, ќе го направат тоа на вистинскиот начин и со одмерена доза луцидност. Секогаш се оригинални во настапот и лесно ќе ви го одземат вниманието. Кога се излезени во град, нема многу да ви треба за да ги забележите помеѓу група убави девојки бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат до израз кога се чувствуваат добро.

Водолија
Жените Водолии отровот го чуваат во мали шишенца. Тие обично се со средна висина или ниски, имаат преубаво заоблено лице и светол тен. Обично имаат помали дланки и стапала, но убаво обликувани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Имаат убави и меки крупни усни. Водолиите не му придаваат преголемо значење на облекувањето и знаат дека кога пред својот избраник ќе се најдат голи, никој нема да размислува за облеката. Водолиите се често природно благословени и со женски атрибути, па така го оставаат спротивниот пол без здив.

Ќе ви се допадне

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz

AniWatch: Fei Ren Zai 3rd Season anime episode 12 online free at https://aniwatch.pro aniwatch.me

Hetalia Axis Powers: Paint it, White! (Dub) (https://wcostream.cc/m/2VlQ) Episode Full

Watch Gurren Lagann The Movie: The Lights in the Sky are Stars Episode Full

Bit: http://bit.do/https-animefreak-ws

Folkd: https://www.folkd.com/user/kissanimemx