Исто како и луѓето, некои раси на кучиња можат да бидат повеќе подложни на разни болести од останатите. Одредени раси можат да бидат генетски поподложни на болести како што се рак, срцеви заболувања, проблеми со крзно или алергии.
Не може со сигурност да се знае дали кучето ќе развие некои здравствени проблеми во текот на својот живот или не, но некои раси се сметаат за поздрави од другите.
Чивава
Припадниците на најмалата раса во светот се исклучително лојални, интелигентни и припаѓаат на најздравите раси. Тие можат да живеат и до 18 години, а нивното здравје може да биде нарушено од болести кои се генетски предиспонирани, како што се хипогликемија, дислокација на зглобовите и аортна стеноза. Бидејќи се многу мали, чивавите не бараат многу физичка активност.
View this post on Instagram
Бордер Коли
Припадниците на оваа раса живеат помеѓу 10 и 14 години, а најчести здравствените проблеми кај нив претежно се ненадејни напади и хипотироидизам. Тие ќе бидат најсреќни и најздрави ако се движат многу и ако поминат многу време на отворено.
Сибирска Хаска
Во споредба со другите раси по својата големина, сибирската Хаска е меѓу најздравите. За време на својот животот, кој обично трае помеѓу 11 и 13 години, таа може да има здравствени проблеми како што се прогресивна атрофија на мрежницата, хипотироидизам и катаракта.
Белгиски овчар
Расата што стана попопопуларно полициско куче од германскиот овчар, живее помеѓу 10 и 12 години и не страда од некои поголеми здравствени проблеми. Белгискиот овчар повремено може да страда од дисплазија на лактот, панус, прогресивна атрофија на мрежницата, хемангиосарком и катаракта.
View this post on Instagram
Мешани
Мешаните раси се сметаат за најздрави кучиња и најотпорни на болести. Кучињата од мешана раса обично не се педигре или регистрирани, но можат да ги наследат карактеристиките, и добри и лоши, од нивните родители од различна раса. Бидејќи кучињата од мешана раса имаат исклучително широк генски базен (за разлика од расни кучиња), тие имаат помала веројатност да наидат на наследни или генетски нарушувања. Како и кај сите раси, сепак, кучињата од мешана раса можат да развијат состојби како дебелина, срцеви заболувања и дијабетес.