Израелската управа за природата и парковите испрати порака преку социјалните мрежи до сите луѓето место меѓу себе, да почнат да ги прегрнуваат дрвата.
Од таму велат дека на овој начин сакаат да им помогнат на луѓето да го надминат чувството на одвоеност, кое го почувствуваа голем број луѓе од мерките кои беа донесени поради пандемијата со коронавирусот и држењето социјално растојание меѓу луѓето.
„Не можете да ги прегрнете пријателите и семејството овие денови? Прегрнете дрво наместо тоа“, била пораката од израелската управа за природата и парковите.
„Во овој непријатен период на луѓето ширум светот им препорачуваме да излезат во природа, длабоко да вдишат и да прегрнат некое дрво, да искажат или стекнат љубов“, изјавил Орит Стајнфилд, директорот за маркетинг во Националниот парк Аполонија.
Во паркот, околу 15 километри северно од Тел Авив, Барбара Грант го послушала советот.
„Најосновната човечка потреба за врска, за допир е прегратката“, изјавила таа, жалејќи се што од здравствени причини, не може да ги прегрне своите внуци.
„Овие денови не прегрнуваме премногу луѓе, ниту нашите деца, ниту внуците. Затоа прегратката на ова дрво е убава работа“, вели Моше Хазан.
Земјата Израел во изминатите неколку недели доживеа нов бран на случаи со заразени од Ковид-19. Заштитните маски станаа задолжителни и на отворен простор, а Израелците се советуваат да избегнуваат секаков близок физички контакт со постари лица.
Израелската кампања на прегрнување дрва следи откако претходно на ваков потфат се одлучи и исландската служба за шумарство.