Луѓето се денес се повеќе свртени кон природата и нејзините убавини. Многумина се обидуваат да стават што повеќе зеленило во домот. Тоа можете да го направите лесно со малите домашни градини.
Доколку сакате да подготвите вкусни и мирисни јадења за себе и своето семејство, незамисливо е да работите без свежата зачинета билка на дофат, зар не? Онаа која лесно можете да ја наберете кога и да ви затреба, наместо да чекате недела попладне за да отидете на пазар. За да ја поставите малата градина, не ви треба многу простор во куќата, сè што е потребно е да имате доза креативност. Во тој поглед, сакајќи да ве натераме да размислувате „зелено“, ви денес ви носиме идеи за мини куќни градини.
Ограничениот простор на овие мали згодни градини не претставува проблем, затоа што навистина е потребен мал простор и треба. Сè што ќе ви дојде при рака може да послужи како сад во кој можете да одгледувате билки.
Палетите се совршени за држење на саксиите, но за малите садници. Тегличките, шолјите кои не ги користите повеќе, стаклените шишиња, металните канти и кофи, како и сите пластични садови, можат да послужат како саксија за вашата мала домашна билка. Ако доволно сте вешти (или имате некој да го направи тоа, место вас), можете и од дрво да направите некои убави полици за саксии. Бидете креативни, а дополнителна инспирација пронајдете и во нашата галерија.