НАСА за Нова година го сними најодалеченото тело во Сончевиот систем

Американската вселенска агенција НАСА за време на Новата година направи фотографија на најодалечениот објект кој некогаш се наоѓал во Сончевиот систем.

Фотографијата на небесното тело Ultima Tule, го направила сондата „Њу хорајзонс“, околу 30 минути по полноќ по локално време.

Контролорите во лабораторијата за примена на науката на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, го прославиле моментот кога снимката направена од леталото стигнала на Земјата.

Забележано е дека космичкото тело се стеснува во средината. Претходно биле пресметани приближно бројките на неговата големина, висина и широчина. Сега со сигурност може да се каже дека објектот е долг околу 32 километри, а широк 16 километри, велат од НАСА.

Фотографијата, како што пишува Си-Ен-Ен, е направена на оддалеченост од околу 500.000 милји, или околу 800.000 километри. Научниците не ја кријат можноста дека можеби станува збор за две тела.

„Постојат две работи кај Ultima Tule, кои се важни за науката. Прво, поради тоа што станува збор за голема оддалеченост од Сонцето, сончевите зраци едвај стигнуваат до него, а температурите на истото се на апсолутна нула. Како резултат на тоа телото целосно е замрзнато и ја има сочувано својата оригинална состојба.

„Такво длабоко смрзнатото тело, со пречник од околу 30 километри, не може да има геолошка активност на површината како што има Плутон. Плутон е ладен, но и покрај тоа можат да се забележат активности на површината и неговата атмосфера. Ultima Tule едноставно тоа го нема“, вели главниот истражител Алан Стерн.

Сепак НАСА допрва ќе ги прими податоците од „Њу хорајзонс“. Од таму велат дека се потребни 20 месеци за сите податоци стигнат на Земјата. Сигналот од леталото патува шест часа, пред да стигне до Земјата.

Ultima Tule се наоѓа зад Плутон, место каде што во 2015 година прлетала сондата „Њу хорајзонс“. Од тој момент од леталото биле испратени детални фотографии од небесното тело, кое некогаш се сметало за планета.

Сондата „Њу хорајзонс“ беше лансирана во 2006 година.

 

Scroll to Top