Одложување. Признајте дека понекогаш, колку повеќе вашите обврски се доближуваат, попривлечно е да погледнете филм, да сурфате на интернет или да отидете на кафе отколку обврските да ги исполните на време. Можеби и покрај одложувањето на обврските успеете да завршите на време, сепак немојте да заборавите дека завршувањето на обврските во последен час значи и намалена продуктивност, односно полош квалитет на работата.
Неочекување на неочекуваното. Секогаш е важно во животот да имате план Б. Ако планот А од било која причина не запали, едноставно префрлете се на оној резервниот, наместо времето, нервите и драгоцената енергија да ја трошите на смислување на решение на новонастанатиот проблем.
„Тоа не е моја работа“. Можеби некоја задача која се бара од вас навистина не е во описот на вашата работа, но немојте на неа да гледа како задача која вас воопшто не ве засега, туку како на предизвик со кој на еден дополнителен начин ќе ја докажете својата лојалност, способност и сите свои останати квалитети. А на колку повеќе полиња заблескувате, толку повеќе вашите надредени ќе бидат повоодушевени од вас. А тогаш нема ни унапредувањето, ни зголемувањето на платата не се далеку…
Негативно размислување. Неодамна спроведената студија покажала дека луѓето кои се склони кон позитивниот начин на размислување заработуваат повеќе пари, полесно нижат успеси во животот, односно генерално се поуспешни. Затоа кога следен пат нешто ќе ви тргне по зло, задолжително во тоа настојувајте да пронајдете нешто добро.
Неспремност на промени. Можеби нештото што се бара од вас или се очекува излегува од вашата комфорна зона, но баш како и кај било која задача која од вас се очекува, спремноста на прифаќањето на промени докажува волја за напредок и желба во својата работа да бидете уште подобри. А тоа се одлуки кои отсекогаш се ценеле и наградувале.