Неделен хороскоп (21 – 27 мај)

Овен

Оваа недела ќе биде недела на љубовта. Целото внимание ќе го имате свртено кон вашиот партнер, но поради тоа може вашето семејство или вашите пријатели да се почувствуваат запоставено. Затоа, поставетe некој баланс. Време е и за диета, па поради тоа, наместо на вечера, одете на тренинг.

Бик

Конечно се ослободивте од тоа што ви претставува товар. Ви претстои недела исполнета со многу насмевки и сатисфакција. За време на викендот искористете го вашиот шарм и одговорете на поканите за забави кои ќе ги добиете. За оние што не се во врска, ги очекуваат многу изненадувања.

Близнаци

Оваа недела искористете го доброто расположение за забава и за работи кои ви причинуваат задоволство. Неодлучноста за некоја стара врска ќе ве исцрпува многу, бидејќи еден дел од вас очајно сака да му се врати на поранешниот партнер, а друг дел размислува за лошите случувања во минатото.

Рак

Обрнете повеќе вниманиен а обврските и направете пауза од ноќните излегувања. Доколку сакате да ви се подобрат финансиите, работете напорно, вашиот труд ќе се исплати. Оваа недела вашиот среќен ден е среда, така што сѐ што сакате да направите неделава, направете го тој ден.

Лав

Во првиот ден од неделата можно е да се чувствувате малку расеано, но, тоа чувство би требало да ви помине до сабота. Оваа недела препорачливо ви е да не донесувате важни одлуки, бидејќи тие одлуки би можеле да се одразат на вашиот живот понатаму.

Девица

Вашето расположение оваа недела нема да биде на ниво, потребен ви е одмор и од пријателите и од обврските. Повлечете се во себе и одморете се. Убаво наспијте се, бидејќи тоа ќе влијае позитивно и на вашето здравје. Размислете добро и за некоја промена во вашиот живот која би влијаела добро од секој аспект.

Вага

Ви следи некое позитивно влијаните од страна на Јупитер, кое ќе ве натера да го обновите контактот со неколку стари пријатели. Ова посебно ќе ве радува, па неделата ќе ви помине во знакот на пријателствата. Доколку добро се релаксиравте за време на празниците, време е повторно да ги извршувате секојдневните обврски на време. Очекувајте пријатни мигови со партнерот.

Скорпија

Неделава не ве очекуваат некои големи обврски на вашата работа, затоа можете да избегате од работните обврски и да си посветите малку повеќе време себеси. Доколку партнерот се чувствува запоставено, посвете му малку внимание и нему. Одете на шопинг и купете некој подарок со кој ќе го израдувате.

Стрелец

Оваа недела ќе биде посветена на прошетки со пријателите и ноќните излегувања. Доколку сте слободни, голема е веројатноста да запознаете некоја нова личност во вашиот живот која ќе ви ги обземе мислите. Здравјето е добро, но време е да се вратите на тренинг.

Јарец

Покажете ја уметноста во себе и изненадете ги блиските со некој ваш талент. Обидете се да го свртите цело внимание кон себе и повеќе да не се чувствувате запоставено. Некој од пријателите не ви мисли добро, затоа внимавајте со кој ќе ги поминете деновите и на кого ќе ги кажувате своите тајни.

Водолија

Наместо да лежите во својот кревет, започнете да правите нешто корисно. Почнете од својот дом. Преуредете го или згответе вкусно јадење. Некој од вашите пријатели ќе биде во неволја, затоа сослушајте го и помогнете му, бидејќи сте му потребни.

Риби

Доколку партнерот има желба почесто да ве гледа, не му замерувајте, тој само се чувствува запоставено и потребно му е повеќе внимание. Почнете да распознавате кои пријатели ви се вистински, а кои не вредат за вашето внимание.

Scroll to Top