Неделен хороскоп од 13 до 19 мај

Овен 

Пред вас е опуштена фаза во која нема да имате премногу деловни грижи. На полето за љубов ве очекува сјајна ситуација и прилика за нова врска и искрени емоции. Генерално поволно здравје, можни мали главоболки.

Бик 

Можете да очекувате подобрување на деловен план, како и помош од некој член од семејството. Кога станува збор за љубовта, лесно ќе стапите во комуникација со лице кое живее далеку од вас. Немојте веднаш да се надевате на нешто големо.

Близнаци 

Поволен период за влегување во нови бизниси. Ќе имате добри понуди за кои добро треба да размислите. Љубовната ситуација е интересна и ќе имате бројни прилики за флерт и познанства, оние во врска и брак ќе бидат среќни. Можна појава на алергија.

Рак 

Ве очекува подобрување поврзано за вашата материјална ситуација. На полето за љубов се е онака како што сакате, без непредвидени промени. Направете проверка на крвната слика.

Лав 

Ќе имате променливо расположение кое ќе ве доведе до променливи ситуации на деловен план. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате некои мали разочарувања. Можни мали проблеми, поврзани со главата или очите.

Девица 

Ќе сакате да одлутате, но немојте да си го дозволите тоа, бидејќи сепак ќе имате премногу обврски. Љубовната ситуација е многу интересна, доколку сте сами ќе се зближите со една мистериозна личност. Можни проблеми со циркулацијата.

Вага 

Пред вас е поволен период во кој нема да имате премногу обврски, а сепак ќе имате шанси за напредок. На љубовното поле ве очекува поскладна ситуација со саканото лице. Ако сте слободни ви претстои флерт со водолија.

Скорпија 

Сметате дека овој период ви е премногу важен за работата и се трудите да ги исполните сите очекувања. Кога станува збор за љубовта, само препуштете им се на емоциите. Тие ќе ве водат. Можни мали проблеми со нервниот систем.

Стрелец 

Можно е некое мало недоразбирање со соработниците од странство, па поведете сметка за тоа. Љубовната ситуација е релаксирачка, нема да постојат проблеми за кои нема веднаш да најдете решение. Уживајте со партнерот. Можни проблеми со висок крвен притисок.

Јарец 

Можете да очекувате стабилна финансиска ситуација ако донесувате разумни одлуки. На полето за љубов ве очекуваат многу возбудливи случувања со скорпија. Здравјето е одлично.

Водолија 

Поволен период за работа, ќе ја имате поддршката која ви е неопходна во овој момент. Кога станува збор за љубовта лесно и отворено ќе ги покажувате емоциите кон саканото лице. На полето за здравјето речиси се е идеално.

Риби

Лесно ќе ги завршувате сите деловни обврски, кои сепак нема да ве сочекаат во мал број. Љубовната ситуација е малку конфузна, пред се затоа што ни сами не сте сигурни што сакате. Осетливо тело, намален имунитет.

Scroll to Top