Неделен хороскоп од 14 до 20 мај

By

Овен

Време е за романтика. Исполнете му некоја желба на партнерот и опуштете се во неговото присуство. Можеби токму поради вашата блискост, врската ќе ви стане уште поцврста и поквалитетна. Среда ќе биде вашиот среќен ден неделава и ќе сакате да го поминете денот со драги луѓе, како што е вашето семејство или со пријателите.

Бик

Смирете се и бидете сериозни на почетокот на неделата. Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата што е пред вас. На некој член од вашето семејство ќе му бидат потребни пари и ќе побара од вас.

Близнаци

Вашата работа и завршувањето на веќе започнатите проекти ќе ви бидат во прв план неделава. Гледајте сето тоа да го завршите в понеделник и во вторник бидејќи тогаш ќе бидете полни со енергија. Иако звучи здодевно, сѐ што ќе направите ќе биде во ваша корист. На средина на неделата најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена  личност.

Рак

Оваа недела потребно ви е максимално да се релаксирате и да пронајдете излез од напнатите ситуации бидејќи последниов период ви беше доста стресен. Мислете позитивно и нештата што ги посакувате ќе станат реалност. Излезете на состанок со личност од спротивниот пол.

Лав

На љубовно поле ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целата недела, а главниот виновник за тоа ќе биде вашиот партнер. Викендот ќе ви биде поволен за рекреација и релаксирање на прекрасното време кое ви го нуди пролетта.

Девица

Потрудете се да останете смирени и покрај проблемите кои ќе ви се појават на работа. Ве очекува динамична работна недела, проследена со многу турбуленции. Затоа наполнете ги батериите, а последните два дена од неделата искористете ги за вежбање и рекреација.

Вага

Во понеделник поминете некое време сами со себе и одморете од друштво и други луѓе, бидејќи така ќе го вратите загубениот баланс. На крајот на работната недела ќе имате мали проблеми на работното место. Не кревајте паника и не праветего  проблемот поголем отколку што е, туку останете смирени. Ве очекува едно изненадување на љубовен план.

Скорпија

На средина на неделата ве очекува важен разговор кој ќе ви донесе напредок и успех во понатамошната кариера. Во претходниот период немавте некоја голема среќа во љубовта, но време е работите да се сменат. Уживајте во прекрасната недела!

Стрелец

На почеток на неделата ќе бидете преплавени со позитивната енергија. Отворете го своето срце и помогнете му на некој кој ви е близок, а кој има проблем и потребна му е вашата помош. Обидете се добро да се организирате, со цел да не потрошите непотребно пари. Обидете се да ги исправите грешките што ги направивте претходната недела.

Јарец

Започнете ја неделата со некоја волонтерска или хуманитарна работа. Ако уште не сте се придружиле на некоја доброволна организација или здружение, сега е вистинскиот момент за тоа. Веќе некое време ви се оладени односите со партнерот, па обидете се да го смените тоа со вечера, добар филм, патување… изборот е ваш.

Водолија

Подготвени сте за нови подвизи? Неделава ќе сакате да испробате нешто ново во животот – можеби да стапите во контакт со некој кој сѐ уште не сте го запознале, а на некој начин ве фасцинира. В среда можеби ќе побарате совет или помош од некој. Добро размислете кому ќе се обратите.

Риби

Неделата која ви претстои искористете ја за нештата кои ви причинуваат задоволство. Не донесувајте брзи одлуки бидејќи тие можат да ви донесат понатамошни последици. За време на викендот, искористете ги топлите денови и отидете на кратко патување во некоја од соседните земји.

Ќе ви се допадне