Неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

By

Овен

Оние кои се уште се сами ќе се двоумат дали да останат дома, каде се чувствуваат заштитено и добро. Сепак, ако се решат да излезат, ќе увидат дека таму ќе се чувствуваат уште подобро. Ќе пробате различни опции на работење што би можеле да доведат до заработувачка. Некои дури и ќе експериментираат. Оваа игра ќе им донесе и радост, зашто нема да биде здодевно.

Бик 

Како што ќе минува неделата, ќе добивате се повеќе покани за излегување и забава, па и за љубов. Ќе се трудите да не пропуштите ништо. Било во врска или сами, добро ќе си поминувате. Во однос на финансиите ќе дојде до мала стагнација, а вие ќе мора да анализирате и донесете одлуки што ќе го насочат натамошниот тек на работите. Обидете се да бидете објективни и не брзајте.

Близнаци 

Многу убави љубовни шанси ќе се нижат во вашиот приватен живот, така што нема да знаете што би избрале.  Концентрирајте се на она што го сакате, па ќе знаете исправно да се поставите кон секого. Можноста креативно да се изразите ќе биде најдобриот дел од целата работа оваа недела. Се друго ќе биде поврзано со стрес или мали борби. Ќе успеете да поставите некои работи, но на крај ќе бидете многу заморени.

 

Рак

Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толерантност и трпение. Токму од тие ваши особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот. Ако сакате да бидете задоволни препуштете ѝ на другата страна и таа да води во нешто. Сакате да го смените својот систем на проценка на луѓето. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки, а ќе ги следи и вашата поголема отвореност кон другите. Само преку јасна комуникација ќе направите подобри одлуки во работењето.

Лав 

Ако сте веќе во врска, таа би требало да се подобри, а партнерот повторно ќе се заљуби во вас. Самите ќе бидат повикани во друштво, но на дискретен начин. Ќе се активирате во обновување на деловните контакти и ќе се обидете да оживеете некои претходни проекти за кои верувате дека се добри. Ќе балансирате меѓу отворен пристап и дискреција. Некои работи сепак ќе ги зачувате за себе.

 

Девица 

Оние во подолги врски ќе имаат се поголема потреба за интимност, па најверојатно ќе се повлечат дома за да уживаат заедно. Оние кои уште бараат сродна душа, би можеле да ја сретнат на обични секојдневни места. Следуваат денови кога ќе бидете вешти во извршување на работите, но неспретни во изразувањето. Би можело погрешно да ве разберат. Затоа, потрудете се да бидете што појасни или не објаснувајте ништо ако не морате.

 

Вага 

Планетите ви се наклонети кога станува збор за љубов. Оние во врска сепак нека бидат малку потолерантни. Оние осамените ќе излегуваат и ќе се забавуваат до крајни граници. Ќе им одговараат големи друштва и бучни места. Ќе бидат радосни. Време е за средување на ситните работи. Ако сакате да се впуштите во нешто поголемо, поатрактивно и покомплицирано, ова не се погодни денови.

Скорпија

Ќе бидете желни за забава и настани, а нема да има доволно за да ве задоволат. Имајте на ум дека ова е преоден период, па не треба да му придавате преголемо значење. Од друга страна, ако сте во долга врска, работите се развиваат сосема добро. Ќе комуницирате со соработниците за помали задачи, што ќе ги одработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостигаат вистински предизвици, зашто оние кои секојдневно ги доживувате ќе бидат помалку атрактивни.

Стрелец 

Пред вас се убави љубовни денови, во кои ќе има многу шанси за зближување. Вашиот друштвен живот ќе станува секој ден се побогат, а вие порадосни. Не седете дома, излезете меѓу луѓе и уживајте. Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни. Потрудете се и одработете го она што морате, а потоа посветете се на она што го сакате.

Јарец 

Ќе бидете расположени за љубов, но другата страна ќе се држи резервирано. Не се откажувајте, издржете. Младите полесно ќе се поврзуваат, а забава нема да изостане. Пред вас се некои нови можности. Доаѓаат одговорите на претходно поставени прашања. Тоа ве насочува кон натамошна работа во која ќе се појават вашите мали таленти и знаењето. И натаму одржувате бројни контакти кои ве поттикнуваат за работа.

 

Водолија

Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина ќе ја обноват својата врска со излегување на убаво место. Самите повторно ќе излегуваат почесто. На работа со нетрпение ќе очекувате да се изразите и покажете колку можете, а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите.

Риби

Деновиве ќе излегувате поретко и ќе се концентрирате на своето заедничко секојдневие. Нема да ви биде потребна поголема атракција. Ќе ви биде доволно да останете дома со саканата личност или да заминете на место каде ќе бидете сами. Како што ќе минува неделата, ќе ви биде јасно дека вашите работни планови се развиваат доста добро. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. Ќе бидете подготвени за секаква соработка. Лесно ќе ги рушите предрасудите.

Ќе ви се допадне