Откако Путин утрово ја нападна Украина, на социјалните мрежи се јавија и познатите руски манекенки Викторија Одинцова (28) и Eлена Перминова (35). Тие напишаа дека сакаат да се прекине со војната и инвазијата која руските трупи утрово ја извршија над Украина.
Викторија на „Инстаграм“ ја следат повеќе од пет милиони луѓе, а многумина ја сметаат за најубавата Русинка. Во јавноста е позната по врската со поранешниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо. Денес објави црна фотографија и напиша за кризата во Украина.
„Не сакам војна. Се молам ова да престане. Многу е страшно и болно. Не мораме да се бориме“, рече таа.
Иста фотографија објави и Елена Перминова, позната како Лена. Во моментов таа е најпопуларна инфлуенсерка во Русија. Ја следат 1,9 милиони луѓе. Во брак е со рускиот олигарх Александар Лебедев за кого се пишуваше дека ја спасил од сиромаштија.
„Ова е многу е застрашувачки. Не сакаме војна“, рече Лена.