Постојат одредени работи во врската за кои може и мора да се постигне компромис, но постојат и такви за кои, едноставно, не се приговара. Тие мора да бидат составен дел од секоја врска затоа што се клучни за нејзиниот квалитет.
Лојалност
Важно е двајцата партнери да се спремни на лојалност. Понекогаш е потребно да се вложи многу труд во функционирањето на врската, а тој труд мора да биде обостран. Поточно, лојалноста во врската и работата на односот мора да бидат обострани затоа што единствено таквата врска може да напредува. Ако само едната страна се труди, а другата одмага, оваа врска нема да има светла иднина.
Наклоност
Може да биде физичка и емоционална, а двете се еднакво важни за врската. Она што се цени се малите работи со кои приврзаноста, односно наклоноста се покажува, а меѓу нив се, на пример, држењето за рака и неочекуваните мали комплименти.
Со редовно искажување на наклоноста му покажуваме на партнерот колку ни е важен, а тоа сакаме да го добиеме и од него.
Редовна комуникација
Во здравата врска на партнерот можете без проблем да му кажете во кое било време како се чувствувате, без страв од осудување или кавги. Секоја страна мора да има можност слободно да се изрази за добрите и за лошите работи во врската.
Искреност
Криењето на чувствата или задржувањето на негативните емоции многу ѝ штети на врската. Затоа, важно е од самиот почеток на врската да практикувате искрена комуникација и однос без лаги.
Јасни намери
Доколку едната страна сака сериозна врска, а другата опуштена, веројатно не е најдобра идеја да влегувате во таков однос. Најдобри врски се оние во кои партнерите имаат јасна визија за својот однос и ист поглед врз заедничката иднина.
Поставување приоритети
Во моментот кога врската е доволно зрела и цврста, време е за разговор за приоритетите. Секој има право на постигнување сопствени цели, а истовремено мора да дефинирате кои се вашите заеднички цели и планови.
Отворен ум
Иако не се сите фанови на новите работи, во врската е важно да имате отворен ум и да истражувате. Новите искуства ќе ја одржуваат искрата во вашата врска жива. Покажете интерес за она што него го интересира и обратно, тој повремено нека се вклучи во вашите драги занимации.
Емпатија
Ниту еден однос не може да функционира без емпатија, а особено љубовниот. Партнерот кон вас мора да покаже сочувство, да ги разбира вашите проблеми и да работи на тоа да ви ги олесни тешките ситуации, а не дополнително да ги отежнува со своето однесување.
Почит
Меѓусебното почитување е уште еден битен дел од квалитетниот однос за кој нема преговори. Почитувајте го вашиот партнер, но ништо помалку не очекувајте од него. Никогаш не ставајте се во подредена позиција затоа што заслужувате да ви се врати со иста мера.
Доверба
За крај, битно е парот да ја негува меѓусебната доверба. Љубомората е нормална само кога доаѓа во разумни количини, во разбирливи ситуации и кога не предизвикува големи проблеми или кавги. Секоја лоша постапка влијае врз количеството доверба што ја негуваме кон него и го нарушува односот.