Нема трага од исчезнатата македонска актерка во Холивуд

По точно еден месец, полицијата во Лос Анџелес нема сознанија дали исчезнатата девојка од Македонија, Адеа Шабани, е жива или не. Тие и понатаму трагаат по неа, а ја бара и приватен детектив што го ангажирало семејството.

Полицијата го води случајот како „убиство на исчезнато лице“, оти не знаат дали е киднапирана, дали избегала, дали е убиена, дали ја држат во заложништво, па законски претпоставуваат дека е мртва. Тие трагаат по 25-годишната Адеа, но не знаат дали ја бараат девојката или нејзиното безживотно тело.

Адеа е последен пат видена жива на 23 февруари во Холивуд. Пријателите се загрижиле откако ја немало цел викенд, но потоа не се појавила ни на предавањата во понеделник, 26 февруари. Ја опишуваат како девојка полна со живост, среќна, но и вредна, која многу сериозно го сфаќала факултетот и можноста да се пробие како актерка во Америка.

Семејството на Адеа нуди 25.000 долари награда за информација што би довела до нејзино наоѓање.

Scroll to Top