Необична декорација за Велигден: мозаик-јајца

За да направите необични велигденски јајца во вид на мозаик ви требаат малку боја, лепак и лушпи од сварените јајца.

Сварете 4-5 јајца повеќе од она што планирате, бојосајте ги со темперни бои по желба, па кога бојата ќе се исуши, излупете го јајцето. Со четка нанесте лепак на скршените парчиња од лушпите и лепете ги на сварените јајца за да добиете мозаик.

Или, обојте го јајцето со темперна боја по желба, а кога ќе се исуши, преку него залепете бели лушпи од јајца.

Scroll to Top