Албумот „Играчка“ на Дејвид Боуви, кој никогаш официјално не бил објавен, ќе биде промовиран на 7 јануари, еден ден пред она што ќе беше неговиот 75. роденден.
Боуви, кој почина на 10 јануари 2016, албумот го снимил во 2001. „Играчка“ се појави нелегално онлајн во 2011 година, а содржи три цедиња, кои се комбинација од нов материјал и обновени верзии на некои постари песни.
„’Играчка’ е како момент во времето, заробен во среќа, оган и енергија. Среќен сум што можам да кажам дека тој сега конечно им припаѓа на сите“, изјави Марк Плати, продуцентот на легендарниот музичар.
Боуви се надевал дека албумот ќе биде издаден, но неговата тогашна издавачка куќа „Вирџин“ реши да го стави проектот на пауза. По ова, Дејвид се фокусира на песните што ги објави во 2002 година на албумот „Неверник“.