Од своето објавување во ноември 2020 година, автобиографската книга „СВОЈА„ на авторката Ирена Чаушевска Даниловска постави мисија да ги едуцира своите читатели, да поттикне превенција и да ја поддржи работата на Националната мрежа и нејзините членки за борба против насилство врз жените и семејно насилство преку низа волонтерски активности и издвојување на посебен фонд од секој продаден примерок.
НЕПТУН Македонија, како општествено одговорна компанија која со децении несебично помага и поддржува различни иницијативи и проекти, ја препозна важноста на мисијата на „СВОЈА“ и за 135 свои вработени, по повод 8 март, обезбеди специјален сет подарок директно помагајќи и збогатувајќи го фондот за донација. Укажувајќи им почит на своите вработени од понежниот пол, НЕПТУН Македонија воедно директно преку својата донација покажа почит и кон сите девојки и жени кои се борат со табуата, предрасудите и општествените осуди кога станува збор за насилството врз жените и семејното насилство.
“Оваа година одлучивме да им оддадеме признание на нашите колешки со симболично внимание со кое воедно ги подржуваме напорите сите жени во нашето општество да просперираат во безбедно опкружување исполнето со почит и радост. Почитувани дами, дозволете лично да ви се заблагодарам за сите ваши заложби во општеството. Вашата улога како мајки, сопруги, сестри, пријателки, колешки е неизмерно важна во секој сегмент од нашето постоење. Среќен 8-ми Март!” – изјави г-дин Горан Цветинов – Генерален директор на Нептун Македонија.
Ваквиот тип на соработки, поврзувањето на компаниите со невладиниот сектор и индивидуалните иницијативи се најдобрите примери за воспоставување на редовна практика на дарување, зголемување на филантропијата и директен придонес кон креирање промени во заедницата и во општеството воопшто.
Со поддршката од НЕПТУН, како и други организации и секако многу поединци, со посебна гордост и благодарност, од досега продадените над 500 примероци, успеавме да издвоиме средства кои во оваа фаза ќе бидат искористени за набавка на нова техничка опрема: компјутер и телевизор за потребите на Кризниот центар „Надеж“, граѓанска организација која има 24-часовна поддршка и СОС телефон за жртвите.
Мисијата на „СВОЈА„ продолжува и секако сите нови издвоени средства од продажбата на книгата ќе бидат одново плански насочени кон потребите на Националната мрежа, односно кон нивните директни корисници