„Нетфликс“ ќе снима серија според книгата „Сто години самотија“ на Маркес

„Нетфликс“ ги откупи правата за романот на Габриел Гарсија Маркес „Сто години самотија“ за да сними серија на шпански јазик. Книгата напишана во 1967 година е продадена во 47 милиони примероци и преведена на 46 јазици, но, за разлика од некои други дела на колумбискиот нобеловец, од неа досега не е снимен нити еден филм или серија. 

Серијата ќе се снима главно во Колумбија, а синовите на Маркес, Родриго и Гонсало, ќе бидат извршни продуценти“, објави „Нетфликс“.

Со децении нашиот татко се двоумеше околу продажбата на правата за ‘Сто години самотија‘, зашто веруваше дека не може да се направи доволно долг филм и исто така сметаше дека тој мора да биде исклучиво на шпански јазик. Но, сега сме во златно доба на ТВ-серии и широката публика полесно прифаќа програми на други јазици, па времето не може да биде подобро“, рекол неговиот син Родриго Гарсија.

Scroll to Top