Пред премиерата на финалето на шпанската хит серија „Каса де папел“, чии последни пет епизоди ќе бидат објавени на 3 декември, Нетфликс потврди дека ќе снима спиноф серија за ликот на Берлин, кого го игра Педро Алонсо.
„Грабежот можеби се ближи кон својот крај, но приказната продолжува“, најавија од стриминг платформата.
Новата серија треба да излезе во 2023 година и се очекува да ги раскаже почетоците на Берлин. Во серијата „Каса де папел“, Берлин е постариот брат на Професорот и се бори со неизлечива болест. Нетфликс не откри други детали за новата серија.