Ни се закануваат опасни болести и зарази ако веднаш не се реши проблемот со мртвите животни

By
Само 20 проценти од 28 илјади тони загинати животни годишно се преработуваат или собираат во соодвен склад според сите прописи. Србија нема прецизна евиденција за количините лешови и животински остатоци, а истражувањето од Центарот за истражувачка новинарство на Србија (ЦИНС) укажува на тоа дека опасниот материјал треба да биде фрлен или закопан според одредени стандарди.
Според наводите од Стратегијата за управување со отпад за периодот од 2010 до 2019 година, станува збор за 28.000 тони пцовисани животни годишно, односно 245.000 тони отпад од колењето и расекувањето на месото. Проценката е дека 20 отсто од тоа е собрано и преработено.
Отфрлените материјали се опасни за човековото здравје и за околината зашто претставуваат најголем извор на инфективен материјал и опасност за ширење болести од животните што се пренесуваат на човекот. Такви болести се беснило, салмонела, антракс, птичји грип и други.
Милутин Ристиќ, професор и автор на многубројни трудови во оваа област, вели дека проблемот со непрописното одложувања на месото во Србија постои долго време. Во монографијата која со колегите ја објави пред Научниот институт за прехранбена технологија во Нови Сад, наведува дека некои вируси и бактерии развиваат отпорност и може да преживеат во месото од три дена до три децении.

Еден од градовите што имаат проблем со отстранувањето на животинските остатоци е Суботица. Кога новинарка на ЦИНС на почетокот на септември ја посетила локацијата на некогашните сточни гробишта во Бајмок, кај капијата затекнала фрлени тела од младо прасе, мртво куче, кожа од зајак и кеса со непозната, но сомнителна содржина.

Сточните гробишта се затворени, но градските власти на мештаните им дозволуваат трипати неделно на таа локација да остават животински отпад кој потоа се собира во контејнер. Потоа вработените од комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги носат во активна јама. Сепак, непрописното одложување на животинските остатоци е честа појава на подрачјето на тој град.

Во Србија се дозволени четири начини на одложување и преработка на животински отпад: палење во кафилерии, закопување и палење на сточните гробишта или во јами-гробници, а во исклучителни случаи закопување на самото место е со контрола од инспекција.

Управата за ветерина во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има регистрирано една легална сточна гробница во близина на Неготин, но и таа е затворена во 2016 година. Постојат 10 јами-гробници, но само суботичката се користи за сите видови животински отпад, а пет не се во функција. Во другите четири се фрлаат пцовисани кучиња и мачки.

Според податоците за Управата за ветерина, во функција се четири кафилерии. Тие на најсоодветен начин го третираат животинскиот отпад поради тоа што остатоците се преработуваат во енергенти, а заразите се уништуваат на висока температура. Меѓутоа, кафилериите се соочуваат со голем број финансиски проблеми и судски постапки.

Во ветеринарската установа „Протеинка“ од Сомбор се носат собраните животински остатоци од подрачјата на повеќе градови во Србија, вклучувајќи го и Белград. Таа кафилерија е единствената во Војводина овластена да презема заразен отпад. Но, „Протеинка“ и нејзините одговорни лица се осудени поради двегодишното незаконско одложување и неуништување на опасниот отпадот, а во тек се и судења за уште четири обвиненија.

Целото истражување пронајдете го на овој линк.

 

Ќе ви се допадне